Главна секција Маршрутата на денешниот протест повторно преку плоштадот „Скендербег“

Маршрутата на денешниот протест повторно преку плоштадот „Скендербег“

Момент од протестот пред Собранието на 10 јули 2022 г. | Фото: Мета.мк

По неколку дена мирни протести против прифаќањето на Европскиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ, денеска организаторите анонимно најавија дека повторно ќе се движат кон Министерството за надворешни работи преку плоштадот Скендербег и Т.Ц. Мавровка. На оваа локација минатиот четврток се случи меѓуетнички инцидент кој вклучуваше и истрели од огнено оружје. По инцидентот, протестите повеќе не поминаа од левата страна на реката Вардар. Сè до денеска.

Во анонимната порака за денешниот протест се вели дека всушност, „власта врши предавство, а дефокусира со потпалување меѓуетнички тензии“.

Причината за ваквата промена на маршрутата, наводно, е суспендирањето на Зоран Дабиќ, претседател на македонскиот дипломатски синдикат кој се обратил пред Собранието.

Организаторите апелираа на мирно и достоинствено протестирање, а го повикаа и Министерството за внатрешни работи да обезбеди протоколи за достоинствено и мирно протестирање.

Инцидент помеѓу Македонци и Албанци во Скопје, повеќе истрели од огнено оружје