Свет Европа Маричиќ со осуда на терористичкиот напад во Брисел

Маричиќ со осуда на терористичкиот напад во Брисел

Маричиќ синоќа стапил во контакт со мисијата во Брисел и со државната секретарка во СЕП, Дрита Абдиу Халили, која ја предводи македонската делегација на тридневниот билатерален скрининг состанок за Поглавје 11, „Земјоделство и рурален развој“, при што е констатирано дека ниту еден член не бил загрозен во текот на овој напад

Фото: Mинистерство за правда

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ најостро го осудуваат смртоносниот терористички напад што се случи синоќа во Брисел, во кој беа убиени двајца шведски државјани за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Белгија и Шведска.

„Терористичкиот чин со трагичен крај предизвика огромна болка и загуба за Шведска, за Белгија и за цела Европа. Вицепремиерот Маричиќ изразува најдлабоко сочувство кон семејствата и блиските на загинатите и го осудуваат овој суров напад, со што се врши обид да се наруши мирот и безбедноста на граѓаните“, се вели во реакцијата.

Маричиќ синоќа стапил во контакт со мисијата во Брисел и со државната секретарка во СЕП, Дрита Абдиу Халили, која ја предводи македонската делегација на тридневниот билатерален скрининг состанок за Поглавје 11, „Земјоделство и рурален развој“, при што е констатирано дека ниту еден член не бил загрозен во текот на овој напад.