Спорт Спорт Македонија Маратонот низ историјата и Скопскиот маратон

Маратонот низ историјата и Скопскиот маратон

Првиот Олимписки маратон се одржал на 10 април 1896 година, а победник на таа трка бил Спиридон Луис, кој патеката ја истрчал за 2 часа, 58 минути и 50 секунди.

Првиот маратон за жени се случил во 1984 година на Летните олимписки игри во Лос Анџелес, Америка. Првата жена-маратонец што победила на тој маратон е Јоан Беноит, која маратонот го истрчала за 2 часа, 24 минути и 52 секунди.

Рекордот за трчање маратон кај мажите е поставен во 2014 година, од Денис Кимето од Кенија. Атлетичарот истрчал со време од 2 часа, 2 минути и 25 секунди. Најбрзата жена во светот е Паула Радклиф од Обединетото Кралство, чиј рекорд е 2 часа, 17 минути и 42 секунди. Овој рекорд е поставен на 17 април 2005 година на Лондонскиот маратон.

Од 1982 година почнале да се организираат и трчаат маратони насекаде низ светот. Берлин, Бостон, Чикаго, Лондон, Њујорк и Токио се првите градови каде се организирале и трчале маратони. За најстар маратон е прогласен маратонот во Бостон, Америка, инспириран од успехот на Олимписките игри во 1896 година.

Скопскиот маратон e првата маратонска трка од меѓународен карактер и првпат е одржана во 1997 година. По неколку годишни паузи, маратонот беше обновен во 2007 година. Една година подоцна доби сертификат од Асоцијацијата за маратони и улични трки, со што се признаваат сите постигнати резултати и рекорди.

Денес „Виз ер – Скопски маратон“ важи за еден од најдобро и најмасовно организирани маратони во регионот. Од година во година се зголемуваат интересот и посетеноста, но и резултатите на маратонците се сè подобри.