Македонија МАНУ: Прислушувањето е тежок удар врз слободите и врз правата на граѓаните

МАНУ: Прислушувањето е тежок удар врз слободите и врз правата на граѓаните

Македонската академија на науките и на уметностите (МАНУ) излезе со реакција за прислушувањето. Во соопштението пишува дека иако во недостиг на изворни информации, МАНУ го оценува чинот на прислушување како тежок удар врз слободите и врз правата на граѓаните, особено врз нивното право на приватност и неповредливост на слободата на комуницирање.

– Самиот факт дека се непосредно загрозени граѓанските слободи и права, укажува на сериозноста која ваквите дејства ја имаат врз безбедноста, стабилноста и врз интегритетот не само на секој граѓанин туку и на општеството во целина. Поради тоа, МАНУ очекува сите одговорни субјекти и институции да ги преземат своите законски овластувања и мерки за надминување на создадената состојба – реагираат од МАНУ.