Македонија Манчевски: За сајбер-безбедноста соработката помеѓу јавниот и приватен сектор е важна

Манчевски: За сајбер-безбедноста соработката помеѓу јавниот и приватен сектор е важна

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска се обрати на отворањето на регионалната конференција на тема: „Сајбер безбедност: Соработка и размена на информации“, во организација на АЕК и Канцеларијата на ОБСЕ во Македонија.

„Сајбер-безбедноста не е само ИТ-тема. Од тука, за гарантирање на безбедноста соработката е клучна. Во наредниот период особено внимание ќе посветиме и на зајакнување на соработката помеѓу приватниот и јавниот сектор со подигнување на едно ново, партнерско ниво. Соработката со приватниот сектор ќе овозможи безбедна средина за размена на информации, истражување и развој. Обезбедувањето на безбедна инфраструктура за размена на информации ќе го стимулира претприемништвото, а со тоа ќе ја поддржи конкурентноста на сите домашни компании и ќе ги заштити нивните инвестиции“, заклучи министерот Манчевски.

Tим составен од стручни лица од МИОА, Министерството за одбрана и Министерството за внaтрешни работи, ја изработија Националната стратегијата за сajбер-безбедност 2018-2021.