Македонија Манчевски, Ременски и Богоевски ќе сведочат за насилството во Собранието

Манчевски, Ременски и Богоевски ќе сведочат за насилството во Собранието

Судскиот процес за упадот и насилството во Собранието на 27 април 2017 година ќе продолжи денеска со сослушување на сведоците Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски.

Обвинетите се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие на претходното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

Претседател на судечкиот совет е Добрила Кацарска. Обвинителка е Вилма Рускоска.

Ова е петто рочиште од почеток на судењето. Претходните судски расправи траеја повеќе од шест часа. Во судницата беа присутни сите 33 обвинети, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок, а две за помагање.

Судскиот процес започна на 22 август со воведни говори на обвинителката Вилма Рускоска и адвокатите на обвинетите.