Хроника Малолетници тепале врсник со метална палка

Малолетници тепале врсник со метална палка

Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство поднел посебен извешај против тројца малолетници, врз основа на Законот за правда за деца, поради сомнеж дека извршиле насилство.

Како што информираат од МВР, малолетниците на 31 јули оваа година, влегле во двор од куќа во Охрид и со метална палка на расклопување нападнале друг малолетник и му нанеле телесни повреди.

„Истовремено, вршејќи грубо насилство, пријавените малолетници на возраст од 15 и од 16 години, сите од Охрид, предизвикале загрозување, страв и несигурност и кај другите малолетници што биле во дворот од куќата“, стои во полициската информација за случајот.

Металната палка, по настанот, малолетниците ја закопале во нива, сопственост на родител на еден од осомничените.

„По консултација со јавен обвинител и со претставници од Центарот за социјални работи, СВР Охрид ги повика малолетните лица и во присуство на нивните родители изврши разговор во врска со кривичното дело. Употребената метална палка е пронајдена и одземена“, велат од полицијата.