Економија Малите успешни компании ќе добијат финансиска помош од околу 10.000 евра

Малите успешни компании ќе добијат финансиска помош од околу 10.000 евра

Финансиска поддршка во висина од 615.000 денари по компанија за отворање до три работни места ќе овозможи новата пилот-мерка „Финансиска поддршка на брзорастечки микро и мали компании или т.н. газели“.

Оваа мерка ќе се реализира во соработка со Бизнис-конфедерацијата на Македонија, која ќе ги рангира најуспешните микро и мали компании што ќе ја добијат оваа помош.

За оваа мерка се предвидени 6.650.000 денари и ја најавија заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, и претседателот на Бизнис-конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков.