Економија Мал пад на цената на нафтата

Мал пад на цената на нафтата

Цената на нафтата забележа мал пад при тргување на азискиот пазар поради извештајот на Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК) дека Саудиска Арабија ќе го зголеми производството на нафта. Цената на нафтата падна на 49 долари за барел.

Минатиот месец, Саудиска Арабија произведе рекордно високо ниво на нафта од 10,67 милиони барели дневно.

Пазарот со нафтата се уште не е стабилен, бидејќи нема договор меѓу земјите за координирано и стабилизирано производство.

Иницијативата за ограничување на производство на нафта на ниво од јануари 2016 заврши со неуспех на состанокот на земјите производители во април бидејќи Иран, кој е најголем ривал на Саудиска Арабија во производство на нафта одбил да биде дел од тој договор