Подглавна секција Макрон: Би било цинично Русија да го искористи терористичкиот напад во Москва...

Макрон: Би било цинично Русија да го искористи терористичкиот напад во Москва против Украина

Францускиот претседател изјави дека сите докази покажуваат дека Исламската држава стои зад нападот во „Крокус сити хол“

Фото: Влада на РСМ, јуни 2021 г.

Претседателот на Франција Емануел Макрон изјави дека сите докази покажуваат дека Исламската држава (ИД) стои зад терористичкиот напад во концертната сала во Москва „Крокус сити хол“, пренесува Гардијан.

Исламската држава (ИД) вчера издаде видеа од нападот кои досега не циркулираа во јавноста, со што се потврдува нивната инволвираност. Дополнително, ИД објави слики од напаѓачите пред нападот – независни истражувачи потврдија дека облеката која ја носат на фотографиите се совпаѓа со облеката која се гледа на снимките од нападот.

Дополнително, САД соопшти дека добиле разузнавачки информации дека Украина не била инволвирана во нападите на никаков начин.

Русија се противи на наодите на САД, фрлајќи ја вината врз Украина. Украина ги отфрли обвинувањата на Русија.

„Мислам дека би било цинично и контрапродуктивно за Русија и за безбедноста на нејзините граѓани да се искористи оваа ситуација против Украина“, изјави францускиот претседател.

Макрон дополни дека ИД извршила вакви напади и во Франција, каков што беше нападот во салата Батаклан во Париз во 2015 година.

Инаку, четири лица од Таџикистан, кои се осомничени за нападот во главниот град на Русија, денес признаа вина за нападот на суд.

Четворица приведени за нападот во концертната сала во Москва