Свет Балкан Македонците во Албанија на конференција по повод годишнина од падот на комунизмот

Македонците во Албанија на конференција по повод годишнина од падот на комунизмот

Македонците во Албанија беа дел од Меѓународна научна конференција, организирана во Тирана, по повод 25-годишнината од падот на комунизмот во оваа земја.

На конференцијата се проговори и за Македонците преку статијата „Културните и политичките организации на Македонците од Албанија 1991-2014“, презентирана од проф. д-р Катерина Тодороска и од Естела Ѓурѓај.

Притоа, беше покажан интерес за ова прашање од професорите на Универзитетот „Њуjорк“ во Тирана, кои имаат американско или англиско потекло.

На овој голем собир, на кој учествуваа научници од 19 земји во светот, организаторот – Универзитетот „Њујорк“ од Тирана, ги почести учесниците со два исклучителни воведничари – проф. д-р Клаус Офе од Германија и проф. д-р Мајкл Д. Кенеди од САД.