Македонија Македонците во Албанија бараат настава на својот мајчин јазик

Македонците во Албанија бараат настава на својот мајчин јазик

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, заедно со разгранокот за Голо Брдо, достави ново барање, овојпат до највисоките претставници на власта и до сите надлежни албански институции, за организирање настава на мајчин македонски јазик во деветолетката „Ддесетте херои“ во село Требиште, област Голо Брдо.

Барањето е доставено до претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани, премиерот Еди Рама, претседателот на парламентот, Илир Мета, министерката за образование, Линдита Никола, претседателката на Комитетот за малцинства, Константина Бежани, народниот правобранител, Игли Тотозани, како и до комесарката за заштита од дискриминација, Ирма Бараку.

Во ова училиште, како и во целата област Голо Брдо, наставата се изведувала на македонски јазик сè до 1949 година, до кога Македонците имале право така да се декларираат.