Економија Македонците сè повеќе купуваат преку интернет

Македонците сè повеќе купуваат преку интернет

Tрговијата и плаќањето преку интернет во Македонија рапидно расте, па за 11 месеци од минатата година (од јануари до ноември), Македонците преку интернет потрошиле речиси 10,5 милиони евра. Податоците за платежни картички и плаќање преку нив, на Народната банка на Република Македонија, покажуваат дека од септември до ноември минатата година, интернет-потрошувачите во земјава месечно трошеле повеќе од еден милион евра. Само во септември лани постигнат е рекорд и преку интернет се потрошени се 1.824.799 евра, додека во октомври и во ноември потрошени се повеќе од 1,1 милион евра. Рекорден месец на интернет-потрошувачка лани е и февруари, кога преку интернет се потрошени повеќе од 1,3 милиони евра.