Македонија Македонско МНР: Седум наши граѓани во непосредна близина на манастирот Бањска во...

Македонско МНР: Седум наши граѓани во непосредна близина на манастирот Бањска во Косово

Во текот на денот, во неколку наврати министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари директна комуникација со министерката Грвала-Шварц, и во моментов косовската полиција го обезбедува хотелот каде се сместени нашите државјани, од каде се очекува после оствареното интервју тие да бидат испратени дома

Манастирот во Бањска, каде се крие вооружената група што претходно уби косовски полицаец; Фото: Konstantin Novakovic - Own work, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=21074961

Македонското Министерство за надворешни работи информираше дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи, добиена е информација за седум државјани на Република Северна Македонија, од кои едното од нив дете, кои се сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот каде е извршен вооружен напад врз косовските полициски сили.

Амбасадата на Северна Македонија во Приштина е во комуникација со претставници на Министерството за внатрешни работи на Косово како и во директна комуникација со нашите граѓани, велат од МНР.

Во текот на денот, во неколку наврати министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари директна комуникација со министерката Грвала-Шварц, и во моментов косовската полиција го обезбедува хотелот каде се сместени нашите државјани, од каде се очекува после оствареното интервју тие да бидат испратени дома.

„Претставниците на Амбасадата остануваат во постојана и директна комуникација со нашите државјани и косовската полиција, сѐ до целосно завршување на нивниот трансфер“, соопштија од македонското МНР.