Економија Македонските и украинските компании ќе имаат поголема можност за соработка

Македонските и украинските компании ќе имаат поголема можност за соработка

Сојузот на стопански комори (ССК) денеска организира Македонско-украински бизнис-форум, на кој ќе присуствува висока официјална и бизнис-делегација од Стопанската комора за трговија и за индустрија на Украина.

Целта на форумот е подобрување на економската соработка меѓу двете земји, остварување директни контакти со компаниите од Украина за воспоставување конкретни деловни односи, како и за зголемување на продажбата на домашните производи и услуги.

Присутни ќе бидат претставници на украински компании од автомобилскиот сектор, производството на сточна храна и на соја, медицината, градежништвото, енергетиката, производството на јаглен, официјални претставници на ССК, како и претставници на македонскиот бизнис-сектор.

На форумот ќе биде потпишан и меморандум за соработка.