Спорт Македонија загуби од Словенија и ги заврши настапите на „Евробаскет 2015“

Македонија загуби од Словенија и ги заврши настапите на „Евробаскет 2015“

Македонската кошаркарска репрезентација попладнево загуби од селекцијата на Словенија со резултат 62 – 51, во мечот од последното коло од групната фаза на Европското првенство, кое се игра во Хрватска, Германија, Летонија и во Франција.

Со денешниот пораз, македонските кошаркари не ја искористија последната шанса за пласман во втората фаза и ги завршија своите настапи на 39. Европско првенство.

Кошаркарите на Словенија уште од почетокот на натпреварот напаравија солидна разлика, која ја одржуваа до крајот на мечот.

Најефикасен во редовите на победничкиот тим беше Зоран Драгиќ, кој постигна 20 поени, додека во нашиот тим најпрецизен беше Владо Илевски со 15 поени, а Предраг Самарџиски постигна 10 коша.