Македонија Македонија, Србија, Грција и Унгарија ќе разговараат за „Турски тек“

Македонија, Србија, Грција и Унгарија ќе разговараат за „Турски тек“

Министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Србија и на Унгарија денеска во Будимпешта ќе разговараат за потенцијалното учество во рускиот план за новиот гасовод наречен „Турски тек“, пишува „Еурактив“.

Грчкиот весник „Катимерини“ јавува дека енергетската соработка ќе биде фокусот на средбата на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, со неговите колеги од Турција, Србија, Македонија и од Унгарија, а на крајот се очекува и потпишување на заедничка декларација.

Новиот гасовод, кој е замена за пропаднатиот план за „Јужен тек“, во декември минатата година го најави рускиот претседател Владимир Путин за време за посетата на Анкара. Новиот гасовод ќе ги заобиколи Украина и Бугарија, кои беа опфатени со „Јужен тек“.

Руската компанија „Стојтрансгаз“ на Генадиј Тимченко во март почна со изградба на магистралниот гасовод во Македонија, со должина од 61 километар.