Спорт Македонија против Словенија за пласман во четвртфинале

Македонија против Словенија за пласман во четвртфинале

Ракометната репрезентација на Македонија денеска, во 16.30 часот, ќе се сретне со репрезентацијата на Словенија во натпревар кој ќе одлучи која репрезентација ќе се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

Двете селекции последен пат се сретнаа на Европското првенство во Србија, во 2012 година, кога Македонија ја совлада Словенија во дуелот за петто место, со 28:27.
За македонските ракометари ова е второ осминафинале откако пред две години во Барселона беа елиминирани од репрезентацијата на Германија.

Покрај овој натпревар, ќе се одиграат и осминафиналните мечеви помеѓу репрезентациите на Шпанија и на Тунис, на Катар и на Австрија, односно на Хрватска и на Бразил.