Македонија Македонија на 40-то место на Глобалниот индекс за мир, скок од 11...

Македонија на 40-то место на Глобалниот индекс за мир, скок од 11 места во однос на лани

Извор: Институт за економија и мир

Глобалниот индекс за мир за 2021 година покажува скок од 11 места за Македонија, односно нашата земја во моментов е најбезбедна од регионот на Западен Балкан. Истражувањето на Институтот за економија и мир ја смести Македонија на 40-тото место на Глобалниот индекс, за разлика од лани кога била рангирана на 51-то место и во 2019 година кога била на 57-то место.

Најбезбедна земја на светот е Исланд, додека на 5-тото место се наоѓа Словенија. Од земјите во регионов, најмалку безбедно е Косово кое е рангирано на 80-то место. Најмалку безбедна земја во светот за 2021 година е Авганистан, каде што талибанците летово се вратија на власт. На дното на листата се и Јемен, Јужан Судан и Сирија.

Австралискиот институт оценува дека во споредба со периодот од пред една деценија, светот во 2021 година е побезбеден во последниве пет години. И покрај тоа што состојбата со мирот е подобрена во поголем број од земјите, сепак падовите во мирот кај 73 земји се поголеми од подобрувањата.

На Глобалниот индекс за мир се рангирани 163 независни земји и територии во светот. Овие податоци ги користат меѓународните организации, како и владите, академските институции и невладиниот сектор за оценка на состојбата со мирот во светот.