Економија Македонија ќе се обиде да добие минимум 300 милиони евра од еврообврзницата

Македонија ќе се обиде да добие минимум 300 милиони евра од еврообврзницата

Македонија ќе се обиде да добие минимум 300 милиони евра од издавањето на седумгодишната еврообврзница со каматна стапка од 5,875 проценти, пишува „Ројтерс“.

По одложувањето на продажбата на еврообврзницата од 650 милиони евра, таа денеска вторпат е понудена на продажба.

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, повторно испрати писмо до банките и до светските медиуми во кое потсетува на незаконската постапка за издавање на еврообврзницата.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, вели дека еврообврзницата претставува нормален финансиски механизам што се применува во сите европски земји.