Свет Балкан Македонија да биде држава со европски вредности, порача Мета

Македонија да биде држава со европски вредности, порача Мета

Претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета, даде поддршка на лидерот на Демократската унија на Албанците, Али Ахмети, за неговата иницијатива за обединување на Албанците во Македонија во една заедничка платформа, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана.

„Нашиот интерес е Македонија да биде држава со европски вредности и Албанците да имаат целосни права,“ изјавил Мета при посетата на Пешкопеја.