Македонија Магла на Стража, свлечиште на патот Делчево – Македонска Каменица

Магла на Стража, свлечиште на патот Делчево – Македонска Каменица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а намалена видливост поради магла има во Крива Паланка и на Страцин до 50 метри и на Стража до 30 метри, информираат од Автомото-сојузот на Макеоднија.

Поради обилните врнежи, на патниот правец Делчево – Македонска Каменица има свлечиште и сообраќајот се одвива отежнато. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и низ планински превои можна е појава на поситни одрони.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината кон условите на патот.