Свет Магацин со оружје експлодира во Багдад, има и загинати

Магацин со оружје експлодира во Багдад, има и загинати

Експлозија предизвикана од пожар во магацин за оружје на истокот на Багдад, активирала ракети кои ја погодиле соседната провинција, убивајќи најмалку четири жители и повредувајќи 10 лица.

Магацинот е сопственост на паравоената единица Народни сили за мобилизација, соопшти претставник на полицијата во Багдад. Оваа единица е во коалиција со милицијата што ја поддржува Иран и која се бори против Исламска држава.

Ракетите активирани од складиштето оштетиле куќи, продавници и автомобили на осум локации. Исто така, ракетите запалиле и еден млин, кој гори веќе два часа.
Индустриската зона, каде се наоѓа магацинот е затворена, за над неа може да се види облак од чад.