Економија Лукаревска: Со проектите за рурален развој парите на граѓаните ќе се вратат...

Лукаревска: Со проектите за рурален развој парите на граѓаните ќе се вратат кај нив

Претставници на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развоj одржаа работен состанок со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и нејзнините соработници.

На состанокот се разговарало за подобрување на соработката на овие две финансиски институции на различни проекти како и успешна имплементација на Програмата за Рурален развој.

„Со помош на ваквите проекти, средствата што преку даноци граѓаните ги уплаќаат во државната каса преку нови проекти повторно ќе се вратат кај граѓаните во форма на подобри услови за живот“, рече Лукаревска.

Директорот на Агенцијата за финансиска помош, Николче Бабовски вели дека парите од мерките може да ги користат за изградба на инфраструктурата, обнова на младински културни центри, добиточни пазари.