Свет Европа „Луфтханза“ ненајавено ќе го проверува здравјето на пилотите

„Луфтханза“ ненајавено ќе го проверува здравјето на пилотите

„Луфтханза“, под чија закрила работи „Џерманвонгс“, чиј авион се урна кон крајот на март, би можела да воведе ненадејни медицински тестирања за своите пилоти, што би овозможиле да се открие дали редовно земаат антидепресанти.

– Ненајавените контролни испитувања за пилотите се можност да се идентификуваат таквите лекови и би можеле да предупредат на евентуални психолошки нарушувања – рече генералниот директор на „Луфтханза“, Карстен Шор.

Авион на „Џерманвингс“ со 150 патници кон крајот на март се урна во Франција. Копилотот Андреас Лубиц намерно ја предизвикал катастрофата. Тој страдал од депресија и ја криел здравствената состојба од своите работодавци.