Економија Лозарите ќе блокираат патишта поради неисплата на грозјето

Лозарите ќе блокираат патишта поради неисплата на грозјето

Лозарите од Неготино и од Кавадарци ќе ги блокираат регионалните патишта в понеделник поради неисплата на нивниот род од визбата „Повардарие“, пишува порталот „Дума“.

Тие побарале помош од надлежните институции, бидејќи се загрозувал откупот на грозјето од идната реколта, но и нивната егзистенција.

Лозарите додаваат дека се наближува нова берба, а сè уште има лозари кои не можат да си го наплатат старото грозје од винарниците.

За да го свртат вниманието на јавноста и на институциите, најавуваат масовни блокади.