„Повардарие“ ќе го исплати долгот кон лозарите до крајот на годината
ноември 1, 2017
Винарската визба „Повардарие“ целосно ќе го исплати долгот за откупеното грозје кон лозарите до крајот на оваа година. Тоа е заклучено на денешниот состанок на лозарите со менаџментот на винарската визба, кој се одржа во Неготино, во присуство на претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на новиот градоначалник на Неготино, Тони Делков. […]