Македонија Локомотивата поправена, единствениот воз за Битола тргна по 10 дена

Локомотивата поправена, единствениот воз за Битола тргна по 10 дена

Oд раководството на Железници на РСМ-Транспорт на почетокот од ноември изјавија дека нивните стручни служби интензивно работеле на редовно одржување на возните средства, за што побрзо да се вратат во функција укинатите возови

Фото: Мета.мк

Железници на РСМ-Транспорт 10 дена ја поправаше локомотивата која го влече единствениот воз на релацијата Скопје-Битола-Скопје. По 10 дена пауза, возот вчера во 14:30 часот тргна од Скопје за Битола и треба да сообраќа редовно во наредниот период, и во правецот од Битола за Скопје со поаѓање во 3:13 часот. Возовите не сообраќаа 10 дена, бидејќи единствената исправна локомотива беше расипана.

Државната железница од 25 октомври годинава укина по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, и тоа возовите кои од Скопје за Битола поаѓаа во 6:53 и 20:05 часот, како и од Битола за Скопје кои поаѓаа во 12:48 и 18:24 часот. Претходно на почетокот на годинава беа укинати возовите меѓу Скопје и Табановце, додека од мај 2021 година не сообраќаат ниту возовите кон Кичево и Кочани.

Од 14 ноември 2023 година во целосен прекин е товарниот и патничкиот железнички превоз поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, меѓу селата Кукуричани и Градско. Патниците кои патуваат меѓу Скопје и Гевгелија патуваат комбинирано со воз и автобус меѓу двата града.

Мостот на Црна Река ќе се поправа 60 дена, за да тргнат возовите кон Гевгелија

Инаку, од раководството на Железници на РСМ-Транспорт на почетокот од ноември изјавија дека нивните стручни служби интензивно работеле на редовно одржување на возните средства, за што побрзо да се вратат во функција укинатите возови од Скопје кон Битола, Кичево, Табановце и Кочани. Сепак, до денешен ден нема конкретен датум кога би може да се вратат во функција овие патнички возови.

Укинатите патнички возови кон Битола ќе се вратат во функција, ама не се знае кога