Македонија Лицата со телесен ивалидитет добија пристап до МТСП

Лицата со телесен ивалидитет добија пристап до МТСП

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информираше дека лицата со телесен ивалидитет добиле непречен пристап до министерството.

„Во текот на вчерашниот ден, во Министерството се одржа и средба со граѓански здруженија и организации на лицата со попреченост, при што лице со попреченост можеше само, без помош од други лица, да влезе во просториите на МТСП“, се вели во соопштението на министерството.

Во него се додава дека таквите средби ќе овозможат лицата со попреченост и нивните семејства да бидат рамноправни граѓани, кои ќе ги уживаат сите права во општеството.