Дописници Лицата со посебни потреби од Тетово добија бесплатно паркирање

Лицата со посебни потреби од Тетово добија бесплатно паркирање

Јавното претпријатие „Градски паркинг Тетово“, во соработка со Здружението за церебрална парализа, доделува картички за бесплатно паркирање на инвалидизираните лица.

Картичките ќе важат во постоејните зони на паркирање, односно во зоните А и Б, и во сите типови на јавни паркиралишта од затворен тип.

Од „Градски паркинг Тетово“ изјавија дека проектот за зонското паркирање се одвива според планираното.

– Проектот за зонско паркирање ќе се прошири и во другите улици, односно ќе бидат опфатени булеварите Благоја Тоска и Илинденска. Проблемот со станарите што живеат во рамки на Б-зоната е надминат. Речиси сите станари имаат добиено картички за паркирање. За станартие од А-зоната се планира да се изградат катни гаражи – изјави раководителот на Јавното претпријатие, Фејсел Беадини.