Свет Европа Лидерот на лабуристите против вклучувањето на Британија во војната против ИД во...

Лидерот на лабуристите против вклучувањето на Британија во војната против ИД во Сирија

Лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, испратил писмо до членовите на парламентот од неговата партија во кое вели дека не го поддржува планот за вклучување на Велика Британија во воздушните напади против Исламска држава (ИД) во Сирија, јавува „Би-Би-Си“.

Корбин во писмото ги отфрлил тврдењата на британскиот премиер Дејвид Камерон дека бомбардирањето на цели на ИД ќе ја направи Британија побезбедна земја.

Овој негов потег, како што пренесува британскиот национален сервис, предизвикал незадоволство во редовите на лабурстите, а член на високото раководство на партијата изјавил дека е можно да биде побарана оставка од Корбин доколку тој им нареди да го поддржат неговиот став.

Меѓу лабурстите владее голема поделеност околу прашањето дали да ја поддржат иницијативата на премиерот Камерон за вклучување на Велика Британија во нападите врз ИД во Сирија. Половина од нив се за поддршка на интервенцијата.