Подглавна секција Лидерите од Г7 денеска ќе оддржат итна средба по повод руските напади...

Лидерите од Г7 денеска ќе оддржат итна средба по повод руските напади во Украина

Фото: Укринформ

Лидерите на групата Г7 денеска околу пладне ќе одржат виртуелен состанок на кој ќе разговараат за нападите на Русија врз Украина. Како што пренесе Ројтерс се очекува претседателот Володимир Зеленски да побара од лидерите на групата на седумте индустриски најразвиени земји во светот итно да и достават оружје на Украина за да се одбрани од руските ракети откако Москва започна одмазднички напади.

Зеленски ги нарече системите за воздушна одбрана свој „приоритет број 1“, нешто што Бајден веќе вети дека ќе обезбеди.

Во најраспространетиот бран воздушни напади подалеку од линиите на фронтот од почетокот на војната, руските проектили се урнаа низ Украина рано во понеделникот, погодувајќи капацитети за производство на електрична енергија, како и нестратешки цели како паркови и туристички места, оставајќи пустош, терор и прекини на струја по нив.

Најмалку 19 лица загинаа, а 105 се ранети, соопштија официјални лица од службите за итна помош, во нападот што претседателот Владимир Путин го нарече како одмазда за украинскиот бомбашки напад во саботата на мостот Керч кој ја поврзува Русија со анектираниот Крим.