Главна секција Лидерите денеска треба да го откочат Договорот од Пржино

Лидерите денеска треба да го откочат Договорот од Пржино

Лидерите на четирите најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, денеска треба да се сретнат и да разговараат за исполнување на Договорот од Пржино.

Според најавите на партиите, се очекува лидерите да разговараат за прашањата што се закочени, а кои произлегуваат од Договорот од Пржино.

Изборот на тројца експерти – членови на Државната изборна комисија и медиумските реформи треба да бидат во фокусот на денешните разговори на лидерите.

Синоќа требаше да се одржат билатерални средби на партиските претставници со посредникот во разговорите, Белгиецот Питер Ванхауте, за избор на експертите на ДИК.