Економија Либерална партија бара одговорност за грешките во изградбата на автопатиштата

Либерална партија бара одговорност за грешките во изградбата на автопатиштата

Либералната партија ја осудува непрофесионалноста во изведбата на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, односно несовпаѓањето на проектираната и на изведената траса.

„ЛП бара надлежните органи да направат темелна истрага врз геодетските и геолошки компании поради нестручноста и катастрофалните грешки во проектната документација, надзорниот орган кој ја дозволил изградбата врз погрешена проектна документација, градежната компанија и нејзините македонски подизведувачи поради употребата на лошите градежни материјали“, се вели во соопштението на ЛП.

ЛП бара да се санкционираат одговорните поединци, органи и фирми за грешките во овој проект, кој државата ја чини 579 милиони евра, а поради неприфатливите грешки – уште дополнителни 100 милиони евра.

Од ЛДП бараат затворски казни, казна со имот и средства во висина на штетата која е направена, како и трајно одземање на лиценците за работа во ваков тип дејност.