Свет Европа Лекар од Италија заразен со ебола

Лекар од Италија заразен со ебола

Медицински истражувачки институт

Италијански лекар, кој доброволно работел во Африка, е заразен од ебола и се враќа во Рим. Италијанската министерка за здравство тврди дека тој засега добро се чувствува.

Лекарот за заразил со ебола во Сиера Леоне и со авион се враќа во Рим на специјалистички третман, соопшти италијанското министерство за здравство, наведувајќи дека ова прв случај во Италија.

Лекарот денеска ќе пристигне во Рим, а потоа ќе биде хоспитализиран во националниот институт за инфективни болести.

Според СЗО, ситуацијата во Сиера Леоне е алармантна бидејќи дневно се регистрираат по 100 новозаболени од ебола. Според податоците на СЗО, до петокот во земјата имало 6.190 заболени и 1.267 починати.