Македонија ЛДП: Итно формирање на специјален суд за случаите на Специјалнотo јавно обвинителство

ЛДП: Итно формирање на специјален суд за случаите на Специјалнотo јавно обвинителство

Либерално-демократската партија денеска побара итно формирање на специјален суд во Република Македонија, заради процесуирање на обвиненијата на Специјалнотo јавно обвинителство.

– Предупредуваме дека „сваровски-судството“ и воопшто системот, кој во сите нивоа на судската власт десет години по своја мерка го градеа Груевски и „фамилијата“, може „низ вода“ да ја пуштат работата и трудот на специјалните обвинители во предметот „Титаник“. Укажуваме на потребата од итно дополнување на Договорот од Пржино со формирање на специјален суд, со помош на меѓународната заедница, кој ќе ги почитува стандардите на транспарентност, независност и на владеење на правото – стои во соопштението на партијата.

ЛДП стравува дека обвиненијата произлезени од кабинетот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, ќе бидат опструирани од судии кои се „приврзоци“ на „фамилијата“ и дека партијата на власт ќе се обиде од обвиненијата да направи фарса.