Свет Европа Лажна дојава за бомба на аеродром во Русија

Лажна дојава за бомба на аеродром во Русија

Околу 150 луѓе беа евакуирани од аеродромот „Колјцово“ во Екатеринбург откако стигнала лажна информација за поставена експлозивна направа.

Извори од полицијата рекле дека аеродромот е прегледан и дека не е пронајдено ништо сомнително.

Според исказите на очевидци, сите што биле во зградата се извадени надвор, а на патниците кои пристигнале на аеродромот не им било дозволено да ги напуштат авионите.