Свет Лавров: Новиот закон за санкции на САД ги влошува односите со Русија

Лавров: Новиот закон за санкции на САД ги влошува односите со Русија

Новиот закон на САД, кој предвидува дополнителни санкции кон Русија поради украинската криза, би можел долгорочно да ги влоши односите меѓу Вашингтон и Москва, изјави денеска рускиот министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Шефот на руската дипломатија, во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Џон Кери, истакна дека воведувањето нови санкции на подолг рок би можело да ја загрози шансата за нормална соработка меѓу двете земји.

Американскиот претседател Барак Обама синоќа го потпиша законот со кој се одобруваат нови санкции кон Русија и му се дава овластување за испраќање воена помом на Украина. Сепак, Обама соопшти дека засега не планира да ги примени новите санкции што се предвидени со законот, кој минатата недела беше усвоен од американскиот Конгрес.