Свет Европа Лавров: Кога се соочуваме со тероризам, треба да се остават геополитичките игри...

Лавров: Кога се соочуваме со тероризам, треба да се остават геополитичките игри настрана

Европејците би требало да ги остават настрана геополитичките игри во момент кога се соочуваат со тероризам, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Лавров, на почетокот на состанокот со неговиот германски колега, Фран Влатер Штајнмаер, изјави дека Русија е подготвена да разговара за борбата против заканите од тероризам.

– Се надевам дека Европејците, кои се соочуваат со сериозна закана од тероризам, ќе ги остават настрана геополитичките игри и ќе се обединат, за да не им дозволат на терористите да бидат главни на континентот – изјавил Лавров, а пренесува агенцијата ТАСС.

Потсетувајќи дека соработката меѓу Русија и ЕУ во борбата против тероризмот е замрзната, Лавров истакнал дека Москва е отворена за разговори по тоа прашање.