Свет Европа Лавров: Грција не побарала финансиска помош од Русија

Лавров: Грција не побарала финансиска помош од Русија

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави денеска дека Грција не побарала од Русија финансиска помош.

Тој, како што пренесува агенцијата ТАСС, изјави дека прашањето за давање таква помош би требало да ѝ се постави на Европската унија.

– На тоа прашање веќе одговори рускиот министер за финансии, Антон Силуанов. Тој одговори дека моментно, такво барање нема – изјави Лавров на прашање на новинар.