Свет Лавров ги повика Вашингтон и Пјонгјанг да почнат преговори

Лавров ги повика Вашингтон и Пјонгјанг да почнат преговори

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги повика САД и Северна Кореја да почнат преговори, јавува руската новинска агенција РИА.

Лавров, како што пренесува „РИА“ изјавил дека Русија е подготвена да ги организира преговорите.

Официјална Москва веќе подолго време ги повикува Вашингтон и Пјонгјанг да одржат разговори за намалување на тензиите поради севернокорејската нуклеарна и ракетна програма.

Севернокорејското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека последните санкции на Обединетите Нации против Северна Кореја претставува објава на војна и потполна економска блокада на земјата.