Свет Кувајт го отповика амбасадорот во Иран

Кувајт го отповика амбасадорот во Иран

Кувајт го отповика својот амбасадор во Иран поради нападот на дипломатското претставништво на Саудиска Арабија во Иран.

Саудиска Арабија претходно ги прекина односите со Иран, а слични чекори преземаа и Бахреин, Судан и Обединетите Арапски Емирати.

Во меѓувреме, шефот на египетската дипломатија го осуди нападот на иранската амбасада во Ирак и го нарече „неприфалтив“.

Саудиска Арабија за време на викендот погуби 47 луѓе осудени за тероризам, вклучувајќи го и шиитскиот свештеник Нимр ал Нимра, кој беше централна личност во 2011 година во демонстрациите против режимите инспирирани од Арапската пролет.