Главна секција Курц дојде во Скопје со поддршка за Договорот

Курц дојде во Скопје со поддршка за Договорот

Македонија е на историска пресвртница на патот кон ЕУ. Во пресрет на референдумот, закажан за 30 септември, решението за прашањето за името ја има нашата целосна поддршка, порача во видео порака австрискиот канцелар Себастијан Курц,  кој претпладнево пристигна во посета на Скопје.

Курц заедно со австриската делегација претпладнево беше свечено пречекан на платото пред Владата на Република Македонија, а подоцна ќе има и заедничка прес-конференција со премиерот Заев.

Австрискиот канцелар во Македонија доаѓа на покана на премиерот Зоран Заев. Утре на Денот на независноста, доаѓа германската канцеларка Ангела Меркел.