Свет Европа Курц: Бурката не е верски, туку антисоцијален симбол

Курц: Бурката не е верски, туку антисоцијален симбол

Австриските конзервативни политичари вчера повикаа да се забрани носењето бурка, истакнувајќи дека тоа не им овозможува на жените да се вклопат во австриското општество.

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц од Народната партија која планира следната година да го донесе новиот закон за интеграција, рече дека верските симболи, како што е бурката се прашања за кој треба да се расправа.

– Целосното прикривање на телото ја спречува интеграцијата – рече Курц за државната ОРФ, додавајќи дека бурката „не е верски, туку антисоцијален симбол“.