Хроника Кумановец осомничен дека шверцувал лекови од Косово

Кумановец осомничен дека шверцувал лекови од Косово

Кумановската полиција поднела кривична пријава против 41-годишниот А.И. и приватната аптека „Шпенди фарм“, поради сомнеж за недозволена трговија и за шверцување, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, осомничениот А.И. во јули минатата година од Косово набавил поголемо количество лекови, чиј промет е ограничен и кои не биле евидентирани во регистарот на лекови во Македонија, за да ги препродава во својата аптека.

Според полицијата, осомничениот успеал да ја избегне царинската контрола и да ги внесе лековите во земјата.