Македонија Кукли со ликовите на аболираните ставени во импровизиран затвор

Кукли со ликовите на аболираните ставени во импровизиран затвор

Kукли на дување со ликовите на аболираните поранешни министри Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и на Мартин Протоѓер шефот на кабинет на поранешниот премиер Никола Груевски беа ставени во импровизиран затвор и донесени на почетокот на денешниот протест на „Шарената револуција“.

Демонстрантите со транспарент порачаа „Не за криминалот, не за аболиција“. Транспарентот беше напишан и на влашки јазик по повод Денот на Власите.

Тие на вечерашниот протест импровизираниот затвор го донесоа пред влада и со извици порачаа „Шутка не ти бега Никола“.

Потоа следуваше боење на фасадата на зградата на Владата и за разлика од обидите на минатите протести, денешниот беше успешен и владата се обои во боите на „Шарената револуција“.

Демонстрантите во моментов се движат кон зградата на Собрание.