Македонија Кукан: Се надевам дека СЈО ќе ја добие поддршката и почитта од...

Кукан: Се надевам дека СЈО ќе ја добие поддршката и почитта од институциите

Европратеникот Едуард Кукан денеска за „Мета“ изрази надеж дека Специјалното јавно обвинителство ќе ја добие поддршката од демократските институции и од политичарите во Македонија.

– Целосно ја поддржувам независноста на Специјалното јавно обвинителство во рамките на Договорот од Пржино. Се надевам дека оваа институција ќе донесе правда за случаите што се појавија за време на политичката криза во Македонија. Исто така, се надевам дека оваа институција ќе работи независно и оти ќе ја добие сета неопходна поддршка и почит од другите демократски институции и политичари во земјата – изјави Кукан, на прашање на „Мета“ како ја коментира вчерашната одлуката на Собранието да не ги поддржи барањата на СЈО за измени на Законот за Специјално јавно обвинителство, односно делот за продолжување рокот за истрага, како и на Законот за заштита на сведоци.

Кукан, заедно со европратениците Иво Вајгл и Ричард Ховит, посредуваше во носењето на Договорот од Пржино, кој беше подготвен под покровителство на еврокомесарот Јоханес Хан.