Македонија Кукан: Пред да се објави договорот, политичарите да ја подготват јавноста

Кукан: Пред да се објави договорот, политичарите да ја подготват јавноста

Европратеникот Едвард Кукан смета дека политичарите треба прво да ја подготват јавноста пред да го објават договорот за името во кој најтешкиот дел не е името само по себе.

-Мислам дека ја научија лекцијата последниот пат со предлогот Илинденска Македонија – смета Кукан и додава дека според него не е најважно името туку Уставот, јазикот, културата.

Кукан вели дека од лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, биле информирани дека тој немало да биде комплетно негативен кон решението за името.