Дописници Кучиња-чувари изгризале селанец од струшко Мислешево

Кучиња-чувари изгризале селанец од струшко Мислешево

Полициската станица од Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против 37- годишно лице од струшкото село Мислешево.

Пријавата е поднесена поради постоење основан сомнеж дека лицето, без заштитни средства (маска и слично), без надзор и невнимателно, држи кучиња и други опасни животни кои можат друг да престрашат, нападнат или да повредат.

– Две кучиња од расата питбул, сопственост на пријавениот, нападнале и сериозно повредиле жител од селото Мислешево. Кучињата биле без заштитна маска, а нивниот сопственик, сега пријавениот, ги чувал крајно невнимателно, без неопходен надзор. Повредениот, движејќи се по улица, одеднаш бил нападнат од двете кучиња, кои со видлива агресивност се нафрлиле врз него. Кучињата го каснале во пределот на стомакот и му нанеле сериозни повреди по телото – информираше портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски.

Повредениот итно бил префрлен во Општата болница во Струга.