Македонија Кривична пријава за скопјанец што на Фејсбук им се заканувал на пратеници

Кривична пријава за скопјанец што на Фејсбук им се заканувал на пратеници

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје, почнал постапка поради објава на Фејсбук од страна на Б.Б. (49) од Скопје. Од полицијата велат дека тој „предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието“ и „ширел расистички и ксенофобичен материјал“.

Б.Б. вчера бил повикан на службен разговор во полициска станица, а му биле и одземени предмети за вештачење.

По документирање на случајот, против Б.Б. ќе биде поднесена кривична пријава, велат од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, порачувајќи им на граѓаните вакви и слични случаи да  пријавуваат во најблиската полициска станица или на мејлот/адресата cybercrime@moi.gov.mk.